Со речиси два промили алкохол во крвта пензионер направил хаос во Велес

by irena 09:16
09:16

Полицајци завчера вечерта околу 21:30 часот, го привеле Ј.Т.(69) од Велес, поради нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Стеван Гајдов“.

Според информациите од МВР, тој не ги почитувал наредбите на полициските службеници додека извршувале службени дејствија.

При извршената контрола било утврдено дека Ј.Т. е под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести