Со истрагата на УПФ за РЕК опфатени се 8 лица, за тендер ,,тежок” 106 милиони денари

by valentina 14:49
14:49

Управата за финансиска полиција денеска спроведе акција со која се опфатени вкупно 8 лица, од кои Борче Марковски сопственик на „Марковски Компани ДООЕЛ“ од Битола, како и неколкумина технички директори на РЕК, дознава „Фокус“ од свои извори.

Шестмина од осомничените се обезбедени, и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а за двајца веќе има мерки на претпазливост, бидејќи се осомничени и во друг предмет.

Станува збор за предмет „тежок“ 106 милиони денари, поврзан со местење на тендер.

Компанијата „Марковски Компани ДООЕЛ“, стана најпозната по своите милионски договори со РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во државата. Марковски во јавноста е познат и како почесен конзул на Белорусија во Македонија.

Во текот на денот се очекува и соопштение од Управата за финансиска полиција, од каде што акцијата ја реализираат во соработка со битолското обвинителство.

Валентина Вурмо

Слични вести