Славески: Младите сѐ порано почнуваат да користат финансиски услуги

by irena 14:09
14:09

Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието.

Според податоците на ОЕЦД, повеќе од две третини од 15-годишниците веќе користат финансиски производи, како што се платежните сметки или платежните картички, што ја нагласува важноста од нивното навремено финансиско едуцирање.

Како што стои во соопштението на Народна банка, гувернерот посочи дека во услови на брз технолошки развој, дигитализација на финансиските услуги и сè посложените финансиски производи, финансиската писменост станува неопходна вештина за секој човек. Оттука, истакнал тој, образовните системи сè повеќе треба да ја препознаваат финансиската едукација како важен дел од наставниот процес, бидејќи таа не претставува само дополнително знаење, туку основа за одговорно и свесно управување со личните финансии.

-Народната банка постојано спроведува бројни активности за унапредување на финансиската писменост, насочени кон учениците и студентите, како и кон пошироката јавност. Во изминатите години се одржани бројни едукативни предавања, изработени се печатени и електронски материјали, видеосодржини и едукативни игри, како и активности преку социјалните мрежи, стои во соопштението.

Слични вести