229
Ноќеска во 2 часот по полноќ, 54-годишниот Љ.Б. од Скопје пријави дека околу 01:30 часот на подрачјето на Центар, откако одбил да превезе повеќе лица од дозволеното во неговото такси возило, бил физички нападнат од едно лице.
Притоа, пријавеното лице му го оштетило мобилниот телефон на таксистот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.