284
Вчера во 01:30 часот во СВР Скопје, Б.Т. (75) пријавил дека претходниот ден околу 16:00 часот бил физички нападнат од С.К. и А.Н.
Според пријавеното, тој во придружба на неговиот внук дошол пред зграда со намера да го раскине договорот за закуп и таму бил пречекан од С.К. сопственик на станот и А.Н. претставник на агенција за недвижнини.
Додека ја отклучувал влезната врата, Б.Т. тврди дека бил удрен по раката од С.К., по што му возвратил со метална прачка. Потоа, според неговата изјава, С.К. и А.Н. физички го нападнале.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.