Дете со велосипед удрило во ѕид од куќа во Делчево, тешко е повредено

by irena 14:33
14:33

Дете на возраст од 13 години вчера со велосипед се удрило во ѕид од куќа во Делчево и завршило на болница со тешки повреди.

„На 16.06.2026 околу 15:20 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на пешачка патека помеѓу ул.’Глигор Прличев’ и ул.’Гоце Делчев’ во Делчево, 13-годишен малолетник од Делчево, управувајќи велосипед изгубил контрола и удрил во ѕид од куќа“, соопшти полицијата.

Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, се наведува во соопштението.

Слични вести