11
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подморјето во близина на грчкиот остров Крит. Засега нема информации за повредени лица или материјална штета, соопштија надлежните од противпожарната служба на Грција.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 17 километри, на околу 85 километри југоисточно од градот Ираклион.
Надлежните продолжуваат да ја следат ситуацијата, а засега не е најавена опасност од цунами или потреба за евакуација.