Сиљановска Давкова за средбата со Трамп: Симболичен гест на почит и соработка

by irena 22:30
22:30

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на маргините на Самитот на НАТО во Хаг заедно со министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски имаше куса средба со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот на САД  Џеј Ди Венс.

По средбата таа рече дека Џеј Ди Венс кажал дека би можел да ја посети нашата земја.

-Кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп, симболичен гест на почит и партнерство.

Остануваме посветени на сојузништвото со САД како наш клучен стратешки партнер во рамките на НАТО и пошироко, напиша Сиљановска-Давкова на Фејсбук каде што се објавени и фотографии од средбата со Трамп на која присуствувал и шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Слични вести