Сиљановска -Давкова на средба со дијаспората во Белгија: Географската дистанца не значи и духовно одалечување од татковината

by valentina 10:24
10:24

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова информира дека во Брисел остварила средба со претставници на македонската дијаспора во Белгија.

-Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и поцврста поврзаност со македонските институции.

Географската дистанца не значи и духовно оддалечување од татковината, оти човек може физички да замине од својата земја, но таа не заминува од него.

Врските со дијаспората мора да се негуваат, да се шират и да се продлабочуваат, без оглед на етничкото потекло, јазикот или генерацијата на која ѝ припаѓаат иселениците.

Тие ја истакнаа подготвеноста, преку различни проекти, да ги споделат стекнатите знаења и искуства со македонските граѓани, како и својата експертиза и професионалните контакти да ги стават во функција на унапредувањето на трговската размена и поефикасното користење на европските фондови, напиша Сиљановска- Давкова.

Слични вести