Сијарто: Грузија е најдобриот пример за лицемерието и двојните стандарди на Брисел

by irena 17:46
17:46

Грузија е најдобриот пример за лицемерие и двојни стандарди на Брисел, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по заедничкиот состанок на унгарската и грузиската влада во Будимпешта.

Сијарто рече дека Брисел ги започнува истите напади против Грузија како што ги започнува против Унгарија, и затоа двете земји ќе се борат заедно против ваквите притисоци, објави МТИ.

Тој истакна дека Брисел смета дека крајот на демократијата дошол кога патриотска партија која се залага за мир ќе ги добие изборите, а кога либерална партија ќе победи, смета дека „демократијата е во најдобра состојба досега“.

Слични вести