Шукова: Универзалната сала е болка на сите граѓани на Скопје

by irena 22:39
22:39

Каја Шукова, кандидатка за градоначалник на Град Скопје од СДСМ во гостување на тв 21 вели „Универзалната сала е болка на сите граѓани на Скопје“.

-Универзалната сала е болка на сите граѓани на Скопје, особено на повозрасните. Да не го заборавиме Златно Славејче, сите манифестации и концерти коишто се одвиваа во Универзалната Сала. За жал префрлањето на топката од Градот Скопје дека ќе ја направи Универзалната Сала, па после ја превзема државата, па се случи пожарот којшто го стопираше процесот, па сега гледаме година и пол. Јас не можам да добијам информација што се случи во оваа година и пол откако имаме нова власт, вели Шукова.

Според кандидатката, дел од депонијата Вардариште сè уште функционира како претоварна станица, но остатокот од просторот е сериозно запуштен и претставува еколошка и безбедносна закана.

Палењето на отпадот предизвикува сериозно загадување, особено во општините Аеродром и Гази Баба, но и пошироко, бидејќи, како што рече Шукова, „воздухот не познава граници“.

Шукова повика на координирана акција со механизација и соодветна опрема како багери и друга тешка машинерија, со цел Вардариште конечно да добие третман каков што заслужува.

Таа ја појасни институционалната поставеност на Вардариште и потенцираше дека оваа локација не е државна надлежност, туку е целосно во рацете на локалната самоуправа.

Слични вести