Шукова: Секако ќе има втор круг, тоа е проста математика

by irena 20:28
20:28

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова вели дека ќе има втор круг на изборите и дека ќе влезе во вториот круг.

– Секако ќе има втор круг, тоа е проста математика. Ја секако ќе влезам во вториот круг, рече Шукова во првото телевизиско соочување со нејзиниот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, кој пак верува дека ќе победи уште во првиот круг.

Шукова, како што изјави, влегла во трката за градоначалник затоа што има сериозна кариера во областите што му се потребни на Скопје како делот за животната средина, комуналните дејности….

-Цел живот сум во животната средина и тоа не само на прашањата на животната средина и не само во креирањето на законите, туку и во имплементацијата на проектите. Го следев процесот на децентрализација сите овие години, знам кои се проблемите на локалните самоуправи и токму поради тоа и се одважив да се пријавам за оваа трка, рече Шукова на телевизиското соочување на Канал 5.

Слични вести