Шукова: Гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје

by irena 19:29
19:29

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ Каја Шукова денеска ги повика граѓаните да гласаат на фер, мирен и демократски начин.

– Сметам дека секој глас на секој граѓанин е важен во изборниот процес без разлика дали се локални или парламентарни избори бидејќи го прават изборот за она што го очекуваме понатаму. Денеска гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје, изјави Шукова откако гласаше во основното училиште „Јан Амос Коменски“.

Очекува граѓаните масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас бидејќи од нив зависат промените во главниот град и во останатите општини.

Слични вести