157
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по денешното гласање, рече дека ја извршила својата граѓанска обврска и гласала.
-Очекувам триесетгодишното изборно искуство да се повтори: пристојни, фер и демократски избори!
Ја извршив мојата граѓанска обврска, верувам дека тоа ќе го сторат и другите граѓани.
Посакувам она што денеска го видов: една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг!, рече претседателката.