Шилегов: „Денеска не е ден за политика, одговорот ќе го добијат од утре“

by jadranka 22:11
22:11

„Фокус“ доцна вечерва стапи во контакт со екс градоначалникот на Скопје и поранешен висок партиски функционер Петре Шилегов, за кого денеска најтесното партиско раководство на СДСМ иницираше постапка за исклучување од членство, да ја искоментира таквата одлука на партискиот врв на „Бихаќка“

Неговиот одговор беше кус: „Денеска не е ден за политика, одговорот ќе го добијат од утре натаму. Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече Шилегов.

Шилегов оваа вест ја дочека додека гостуваше на „4ТВ“, каде зборуваше во својство на бранител на еден од обвинетите во судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи пред точно една година.

 

 

Слични вести