74
Шест лица загинаа во украинскиот ракетен напад врз Киров, во североисточниот дел на Русија, соопшти денеска гувернерот на Кировската област, Александар Соколов.
„За жал, како последица на нападот на режимот во Киев врз фабриката во Киров, повредени се 32 лица. Шестмина од нив загинаа на самото место“, изјави Соколов во објава на платформата „Икс“, пренесува РИА Новости.
Гувернерот наведе дека повредените добиваат медицинска помош и дека на дел од нив им е потребна хоспитализација, како и дека пожарот што избувна по ударот е изгаснат.