Семејство бара помош: 4-годишно дете од Македонија исчезнало во областа Алто Маре во Албанија

by irena 18:44
18:44

Четиригодишно дете од Македонија, исчезнало во областа Алто Маре во Република Албанија, објави JOQ Albania.

Според пријавата, семејството веќе подолго време го бара детето, но досега нема никаква трага од него.

Семејството ја известило и полицијата во Голем, но до овој момент потрагата не дала резултат.

Во моментот на исчезнувањето, детето било облечено во зелен костим за капење, а во раката носел пиштол-играчка на вода.

Неговата мајка, е во тешка емотивна состојба, а семејството ги повикува сите граѓани кои се наоѓаат во областа да проверат наоколу.

Секој кој го видел детето или има каква било информација за неговото движење или местоположба, веднаш да ја извести полицијата, пишуваат албанските медиуми.

Слични вести