Селекторот на Франција, Дешамп му се поклони на Мбапе

by irena 08:30
08:30

Фудбалерите на Франција ја победија Шведска со 3:0 во осминафиналето на Светското првенство во Њу Џерси и се пласираа во осминафиналето, каде што ќе играат против Парагвај во сабота во 23:00 часот, по македонско време.

Актуелните вицешампиони на светот до победата ги предводеше Килијан Мбапе, кој постигна два гола, во 45-тата и 74-тата минута. Третиот гол за Франција го постигна Бредли Баркола во 53-тата минута.

Францускиот напаѓач така стигна до шест гола на четири натпревари на Светското првенство, со две асистенции. Со вкупно шест гола, тој го дели првото место на листата на стрелци на турнирот со Лионел Меси.

Десет минути по вториот гол, тренерот Дидие Дешамп го замени Мбапе, а кога го напушти теренот, му оддаде признание за уште една одлична игра.

Француската суперѕвезда стана првиот играч во историјата што постигнал 10 гола во нокаут фазата на Светското првенство, надминувајќи ги сите легендарни фудбалери кои играле на најголемата сцена.

Двата гола на Мбапе против Шведска го поместија веднаш зад Меси со одличен број од 18 гола во исто толку натпревари на Светското првенство. Тој го престигна Мирослав Клозе, кој постигна 16 гола во 26 натпревари на Светското првенство.

Така, Мбапе стана најефикасниот Европеец во историјата на Светското првенство и рекордер по бројот на голови во најважните натпревари од натпреварувањето.

Слични вести