Седлоски им одговори на Трајковски и Миовски: „Во репрезентацијата играме за Македонија, а не за себе“

by jadranka 21:37
21:37

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, на денешната прес-конференција пред утрешниот натпревар против Република Ирска се осврна и на ситуацијата со фудбалерите кои го напуштија националниот тим.

Бојан Миовски и Александар Трајковски нема да бидат во комбинација за настап, откако двајцата ја напуштија репрезентацијата поради незадоволство од својот статус на мечот против Данска – Миовски поради тоа што не беше стартер, а Трајковски бидејќи не доби минутажа.

„Оние играчи кои настапуваат во клубовите имаат поголемо право да бидат стартери за репрезентацијата, така го правев составот против Данска. Кој не сака да игра за Македонија тој не игра ни за селекторот, ни за играчите, игра за државата, не гледам причина некој да се лути зошто не бил стартер. Тоа е негово размислување и не му се мешам многу“, рече селекторот Гоце Седлоски.

Слични вести