145
Попладнево во скопската населба Влае опожарено возило беше забележано на кружниот тек на булеварот „Партизански одреди“, во правец кон Ѓорче Петров.
Возилото целосно изгорело и е оставено на тротоарот, додека густ црн чад се издигал високо над местото на настанот, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.
Засега нема официјални информации за причините за пожарот, ниту дали има повредени лица. Според првичните сознанија, огнот избувнал ненадејно, по што интервенирале надлежните служби.
Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.