170
Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка, но тој во моментов не се задржува на коловозот.
Како што инфомираат од АМСМ, намалена видливост поради појава на магла до 150 метри има во Крушево.
Возачите се советуваат да возат внимателно, посебно на планинските патишта.