840
Петкатна станбена зграда се урна во градот Триполи, на север од Либан, а непознат број луѓе се заробени под урнатините, пишува Ројтерс .
Според извештајот на Националната новинска агенција на Либан, спасувачите и жителите досега извлекле три лица живи од урнатините на зграда во населбата Баб ал-Табане.
Се уште не е познато дали има починати лица.