Се бара притвор за убиецот во Бардовци, за да не ги повтори делото

by irena 15:55
15:55

Во врска со кривично-правниот настан во Психијатриската болница “Скопје” – Скопје, надлежен јавен обвинител води постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Имајќи ги предвид сите околности, а особено опасноста тој да го повтори делото или да стори ново кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

Во меѓувреме, надлежниот јавен обвинител ќе издаде насоки до правосудната полиција да ја прибави целосната документација и да го испита досегашното извршување на мерката задолжително психијатриско лекување на наведеното лице.

Слични вести