Се апсат полицајци во Кочани во врска со трагедијата во „Пулс“

by Fokus

Нови апсења има денеска во Кочани, а истите се поврзани со пожарот кој се случи во дискотеката „Пулс“ на 16 март годинава во кој загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Неофицијалните информации се дека има 13 приведени лица, а меѓу нив се началници и полициски службеници кои вечерта на трагедијата биле на работа.

Информациите се дека меѓу приведените е началникот на крим полиција, сменоводителот, началникот на ОВР Кочани, началникот на економски криминал при ПС Кочани, како и полицаец кој кобната ноќ бил дежурен.

Повеќе информации се најавува во текот на утрешниот ден.

Поврзани новости