СДСМ: Зеленчукот поскапе 63%, овошјето за 33%, а платите стагнираат

by irena 12:18
12:18

„ВМРО-ДПМНЕ се обидува да им каже на граѓаните дека не знаат како живеат и дека цените не растат, но граѓаните реалноста ја живеат секој ден, во маркет, на пазар, дома. За една година власт на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните живеат сè потешко и посиромашно. Синдикалната минимална кошница е зголемена за речиси 5.000 денари за период од една година. А минималната плата порасна за само 1.800 денари“ соопштија од СДСМ.

Од партијата велат „зеленчукот е поскап за 63,3%, а овошјето за 33% за една година. Инфлацијата изнесува 4,8% и директно ја јаде куповната моќ на граѓаните. Нивото на цените во Македонија е на 60% од европските а платите само на 35% од европскиот просек. Значи за речиси европски цени три пати пониски плати“.

„На оваа реалност ВМРО-ДПМНЕ вели народот не знае дека живее добро, дека не знае колку е поскапено и дека власта нема магично стапче. Наместо да ги убедува луѓето дека многу добро живеат ама не знаат, наместо да измислува изговори дека „нема магично стапче“ ВМРО-ДПМНЕ треба да ги прифати предлозите на СДСМ: минимална плата од 500 евра, укинување на ДДВ за храна, зголемување на платите во сите сектори.

Слични вести