СДСM: Цела РЕК Битола не е на мрежа поради нередовно чистење и одржување, а не поради наводни саботажи

by irena 12:09
12:09

Денес сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување. Цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и неодржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените, велат од СДСМ.

„Може слободно да заклучиме дека токму поради неспособноста на раководството на ЕСМ, оставка си даде и претседателот на надзорниот одбор на ЕСМ и директорот на правниот сектор, не сакаат да бидат дел од бродот што тоне“.

-Ги повикуваме и останатите членови на Управниот Одбор на чело со Лазо Узунчев да бидат совесни и разумни и навремено да си поднесат оставки, да не го упропастуваат ЕСМ, бидејќи за истото ќе одговараат, стои во соопштението од СДСМ.

Слични вести