Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на локалните избори во октомври нема да има свои кандидати за градоначалници во неколку општини.
Како што брифираат од партијата, СДСМ нема да има кандидати во дел општини во западниот дел од земјата и тоа во Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и во Желино.
Без свои кандидати СДСМ ќе биде и во две скопски општини – Сарај и Чаир. Во сите овие општини, СДСМ ќе има само листи за советници.
Претходно, партискиот лидер Венко Филипче на прес-конференција соопшти 19 кандидати за градоначалници кои добиле согласност од Извршниот одбор да се борат за мандат на локалните избори во октомври.
Општина Центар – Горан Герасимовски (актуелен градоначалник)
Општина Аеродром – д-р Александар Трајановски
Општина Ѓорче Петров – Костадин Ацески
Општина Чучер Сандево – Сашо Комненовиќ (актуелен градоначалник)
Општина Берово – Илија Рунтевски
Општина Крива Паланка – Сашо Митовски (актуелен градоначалник)
Општина Лозово – Ацо Велковски
Општина Чешиново Облешево – Горанчо Крстев
Општина Богданци – Блаже Шопов
Општина Дојран – Ристо Џинев
Општина Могила – Зоран Ристевски
Општина Неготино – Петар Мантев
Општина Новаци – Љубе Кузмановски
Општина Росоман – Стојанче Николов (актуелен градоначаник)
Општина Вевчани – Стефан Радионоски
Општина Крушево – Томе Христоски (актуелен градоначалник)
Општина Ресен – Александар Бузлевски
Општина Штип – Павел Иванов
Општина Гази Баба – Влатко Митовски
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираа дека СДСМ нема ниту еден кредибилен предлог за градоначалник и ниту еден кадар кој претставува додадена вредност.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кандидатите што денеска ги објави Филипче не се од партиската база на СДСМ, туку „тоа се кандидати на Заев издиктирани на Филипче“.