СДСМ не отстапува од барањата за оставки и одговорност од Тошковски и директорот на БЈБ во врска со „Пулс“

by Fokus

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) и денеска побара оставки и одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев во врска со пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.

Повиците за оставки и одговорност за раководството на Министерството за внатрешни работи (МВР) доаѓаат откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја прошири истрагата со уште 13 актуелни полициски службеници и началници кои кобната вечер вршеле акциска контрола во „Пулс“. Тие се осомничени дека во период од 14 до 16 март 2025 година сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност.

Според опозициската партија директорот на БЈБ по закон и хиерархија треба да сноси кривична одговорност, додека кај Тошковски, велат од СДСМ, е целата политичка и морална одговорност.

Поврзани новости