1
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта се очекуваат врнежи од дожд, претежно во западните делови од земјата.
Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне наместа повремено ќе биде засилен. Минималните температури ќе се движат од -1 до 7 степени, а максималните ќе достигнат од 14 до 19 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4 степени, а максималната ќе достигне 15 степени.