Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски дека „платите растат по 11, 12, 13 проценти на месечно ниво“ се најголемо потценување и навреда за народот, а Мицкоски ја потценува интелигенцијата на граѓаните, велат од СДСМ.
Тие велат дека официјалните податоци целосно го демантираат Мицкоски, бидејќи за само четири месеци вредноста на синдикалната потрошувачка кошница во март пораснала за 3.473 денари.
,,За да се покрие синдикалната кошничка за едно семејство потребни се речиси 2,7 минимални плати. Ниту просечната нето-плата не го следи растот на цените, во истиот период порасна за само 1.033 денари. И минималната плата во Македонија е на дното на Европа и на Балканот. Во БиХ минималната плата веќе е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора 600 и 800 евра. А владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да се зголеми на 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат трошки, леб и сол.