Лишени од слобода алкохолизирани возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола

by irena 12:52
12:52
Лишени од слобода се возачи во Кавадарци, Куманово, Неготино, Скопје и Битола, кои возеле под дејство на алкохол, а двајца предизвикале и сообраќајни несреќи, соопштуваат од МВР.

На 16.08.2025 во 12:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Е.Л.(55) од Неготино, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со неготински регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15  промили алкохол во крвта.

Истиот ден во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(24) од Кавадарци, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на  ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 23:25 часот на бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.В.(48) од Куманово, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 22:15 часот на ул. „Св. Нектариј Битолски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(48) од с.Баница, струмичко, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, велат од МВР.

 

Слични вести