Манасиевски: Фрчкоски од Еразмус+ добил 200 илјади евра преку Заев и Димова

by irena 13:05
13:05

,,Протежето на СДС, Љубомир Фрчкоски добил грант од Еразмус + вреден 200 илјади евра под програмата “стратешко партнерство”, како награда за неговите навреди и омаловажувања врз македонскиот народ“, изјави на денешната прес конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Кога велиме дека СДС ја користел Агенцијата Еразмус +, за делење на грантови на свои луѓе, тоа се потврдува и со случајот со Фрчкоски. Како ректор на еден од факултетите во државата, по само 2 месеци од неговото назначување, благодарејќи на Фрчкоски, факултетот го добива првиот грант во нивната историја. Скандалозно во грантот е тоа што проектот траел од 01.12.2020 година до 30.11.2023 година, а Фрчкоски е назначен за амбасадор од 20.04.2022 година што значи дека половина од овој проект тој го раководел како амбасадор на Македонија во ОН во Њујорк.

Како Фрчкоски го работел овој проект како амбасадор? Кој го евалуирал проектот? Дали во Агенцијата некој вршел контрола за тоа како се води токму овој проект? Зошто проектот не бил прекинат кога Фрчкоски бил испратен за амбасадор во ОН?“, изјави Манасиевски.

Според него, ова е школски пример за тоа како СДСМ раководеле со државата. ,,Не само што делеа пари на професори и свои партиски кадри, туку по падот од власта, тие поднесоа кривични пријави против училиштата, за да го свртат вниманието и да ги прикријат овие грантови!“, додаде тој.

Слични вести