7
Популарниот српски пејач Саша Ковачевиќ доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт на плоштадот во Автокоманда на 13-ти јуни.
Неговиот настап ќе биде дел од манифестацијата ,,Вкусовите на Гази Баба”, а пред неговиот концерт, публиката ќе ја забавуваат домашни музичари, со почеток од 19.30 часот.
Од општината најавуваат вечер исполнета со вкус, музика и незаборавна енергија. Додаваат дека на едно место ќе се спојат културата, музиката и гастрономијата.
Минатата година на манифестацијата музички гости беа Хари Мата Хари, Амадеус Бенд, Таско, ДНК, Гоце Пејковски, Бојана Скендеровски и Огнен Здравковски.
Програмата траеше повеќе од шест часа, а потоа од општината соопштија дека имало над 15.000 посетители.
Вики Клинчарова