164
Три лица се убиени, а 12 повредени во руски напад врз автобус во Никопол утрово.
Веста ја објави Олександр Ханжа, началник на воената администрација на регионот Дњепропетровск, пишува Украинска правда.
„Три лица се убиени, а 12 се ранети. Непријателот нападна градски автобус во центарот на Никопол со дрон“, објави Ханжа.
Според него, автобусот се приближувал кон постојката во времето на нападот, поради што имало луѓе и во возилото и на постојката.
„Ова не бил случаен напад. Тоа бил намерен терор врз цивили – врз луѓе кои едноставно си ги извршувале своите секојдневни обврски“, рече тој.