Руски напад со беспилотни летала во Одеса

by vlatko 15:18
15:18

Едно лице го загуби животот, а 14 други се повредени по ноќниот руски напад со беспилотни летала врз Одеса, град во јужна Украина, соопштија украинските власти.

Во текот на ноќта, бил реализиран масовен напад со најмалку десет беспилотни летала. Меѓу најоштетените се 23-катни станбени згради, како и други блокови за домување.

Меѓу повредените се и тројца спасувачи кои учествувале во итните интервенции.

По нападот, на повеќе места во градот избиле пожари, а локалните власти сѐ уште ја утврдуваат целокупната материјална штета предизвикана од нападот.

Овој напад е дел од низата напади со беспилотни летала што последните денови се случуваат низ јужна Украина.

Слични вести