Руски дрон разнесе автобус во Херсон – најмалку четворица загинати

by irena 12:13
12:13

Четири лица загинаа, а четворица се ранети во напад со руски дрон врз автобус утринава во јужниот украински град Херсон, соопшти регионалното обвинителство.

– Според првичните информации, во нападот загинаа четворица цивилни патници – соопштија од обвинителството, додавајќи дека автобусот се движел по градска улица која често е цел на руски воздушни напади.

На фотографиите објавени од регионалните власти се гледа жолт минибус со скршени прозорци.

Слични вести