Русите тврдат дека Украина подготвува голема саботажа на самитот Трамп – Путин

by irena 10:06
10:06

„Криминалните провокации веќе станаа заштитен знак на режимот во Киев“, изјави за новинарите официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа коментираше информации од руското Министерство за одбрана дека Киев подготвува провокација за да ги попречи руско-американските разговори закажани за 15 август.

„Тоа веќе стана нивен криминален потпис“, рече рускиот дипломат. Денес, руското Министерство за одбрана изнесе тврдења дека непосредно пред самитот во петок, на кој американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретнат во Алјаска, украинските вооружени сили планирале провокативен напад во регионот Харков со употреба на беспилотни летала и ракети врз една од густо населените станбени области или болница со голем број цивилни жртви, „што веднаш би било снимено од увезени западни новинари“.

Киев, тврдат Русите, ќе се обиде да ја префрли одговорноста врз руските вооружени сили со цел да создаде негативна медиумска позадина и услови за попречување на руско-американската соработка по прашањата за решавање на конфликтот во Украина.

Слични вести