Нова трансплантација на органи од починат донор

by irena 10:10
10:10
По повод Светски ден на органодонорство – 13 август, Министерството за здравство информира дека на 9. август била извршена уште една трансплантација на органи од починат донор.
,,Голема благодарност кон семејството кое во најтешките моменти одлучи да ги донира органите. Во процесот на трансплантација беа вклучени повеќе екипи од хируршки и интерни клиники од клинички блок „Мајка Тереза“. Им благодариме за посветеноста. Трансплантираните пациенти се во добра општа состојба и под постојан медицински надзор и нега. На пациентите им посакуваме долг живот и добро здравје“, велат од Министерството за здравство.

Слични вести