178
На ден 12/13.08.2025 година, до 08:00 часот, на територијата на Р.С. Македонија има вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 28 пожари, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
Активни се 3 пожари и тоа во Општина Македонски Брод: Повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума), Општина Сарај 2: с. Радуша кон с. Дворце (ниска вегетација) и Општина Македонски Брод 2: с. Крапа (ниска вегетација и нискостеблеста шума)
Под контрола се два пожари – во Општина Крива Паланка: во атар на с. Нерав, место викано Биљино (ниска вегетација и шума) и во Општина Кичево: с. Челопеци (нискостеблеста шума). Изгаснати се други 28 пожари низ целата земја, велат од ЦУК.