Русија погоди бензинска пумпа и магацини во Киев

by irena 10:28
10:28

Руско беспилотно летало погоди бензинска пумпа во Киев рано утринава, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко, додавајќи дека едно лице е повредено во нападот, а погодени се и магацини во друг дел од градот.

Ова се случи само еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле да не ги напаѓаат енергетските капацитети на другата страна, пренесе Ројтерс.

Русија неодамна почна да гаѓа бензински пумпи во Киев, проширувајќи го опсегот на цели.

Според украинските власти, Русија погодила околу 300 бензински пумпи во последните месеци, главно во регионите на фронтот или во нивна близина.

Додека Москва изведува напади врз Украина, соседна Полска накратко активираше воена авијација како превентивна мерка, соопштија Вооружените сили на Полска на социјалната мрежа „Икс“, додавајќи дека немало нарушување на воздушниот простор на земјата.

Појавата на воени беспилотни летала во воздушниот простор на соседите на Украина и Русија поттикна загриженост дека војната во Украина се прелева надвор од границите на НАТО.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на изминатата ноќ биле пресретнати 222 украински беспилотни летала над Русија, Крим и Црното Море.

Пријавена е штета во Таганрог во регионот Ростов, каде што бил оштетен магацинот на онлајн-трговецот „Озон“, како и во рафинеријата во Сизран во регионот Самара, соопшти Министерството на социјалните мрежи.

Слични вести