Последните три и пол години, како советник во општината, одвнатре видов како функционира системот на ДПМНЕ, со шверцерски донесени ДУП-ови, делење народни пари на приватни фирми кои не ја извршуваа работата за која беа платени и целосна рамнодушност кон проблемите на жителите, истакна Дејан Ристовски, носител на листата на советници на Левица за Општина Аеродром.
Во соопштението од Левица се наведува дека Ристовски посочил дека наместо современа урбана општина, Аеродром денес е претворен во нечиста и несредена „спална соба“ на Скопје. Нечистотија, загаден воздух, немање паркинг и секојдневни маки додека властите си молчат.
Истите тие што четири години ја запоставуваат општината, сега повторно шетаат меѓу народот и ја бараат неговата доверба.
Ние, на чело со Марјан Димитриев, ја бараме вашата поддршка не за функции, туку за промени! Промени за чиста, достоинствена и убава Општина Аеродром!
Со нашите проекти како Културен центар, Аеродромска чаршија, Технолошки парк и многу други ќе создадеме општина со која секој жител ќе се гордее.
А до нашите политички противници – џабе ви е сликањето и шетањето. Народот не заборава!
Левица е силата што надоаѓа — со искреност, посветеност и храброст да се решаваат вистинските проблеми на жителите.