По штетите предизвикани од пожарите, албанскиот премиер Еди Рама најави дека секој што го изгубил својот дом, државата ќе го обнови бесплатно.
„Кој и да го изгибил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Проценката и надоместокот на штетите предизвикани од пожарите ќе се спроведуваат во секоја засегната општина, според посебна постапка, која започнува со нивна идентификација од страна на Групата за проценка за попис на штетите, утврден со наредба на градоначалникот, соопшти министерот за одбрана Пиро Венгу, како дообјаснување на мерката која ја пренесе Рама.
„Оваа група врши попис на штетите врз домувањето, инфраструктурата, бизнисите, земјоделските култури, механичката опрема, социо-културните објекти и пополнува обрасци со финансиски трошоци. Потоа, општините подготвуваат списоци на оштетени субјекти и соодветна документација и по финансиската проценка на секоја општина, се утврдуваат трошоците за обештетување, кои се спроведуваат од средствата на засегнатата општина, преку фондот за цивилна заштита“, пишува Венгу.