Меланија Трамп му испратила писмо на Путин за киднапираните деца во Украина

by vlatko 08:50
08:50

Првата дама на САД Меланија Трамп го покренала прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин, соопштија претставници на Белата куќа.

Претседателот Трамп му го предал рачно напишаното писмо на Путин за време на нивниот самит на Алјаска, каде што Меланија не отпатува.

Од Белата куќа не навлегоа во содржината на писмото, но одредени извори велат дека во него се споменуваат киднапирањата на деца за време на војната во Украина.

Украина тврди дека десетици илјади деца биле одведени во Русија или на окупираните територии без согласност од нивните родители или старатели, што се смета за воено злосторство.

Москва претходно кажа дека им дава заштита на ранливите деца од воена зона.

Слични вести