Судири меѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот во Белград

by vlatko 08:20
08:20

Демонстрантите кои синоќа дојдоа на покана на студентите во блокада се собраа во близина на Генералниот штаб на улицата Кнез Милош.

Во еден момент, демонстрантите тргнаа од Генералштабот кон просториите на СНС, но полицијата веднаш реагираше и ги потисна кон зградата на Владата на Србија.

Во таа прилика, демонстрантите почнаа да фрлаат камења и шишиња, кои ги погодија и неколку припадници на медиумите.

Тоа беше моментот кога почна акцијата на полицијата по што се се разбегаа сите демонстранти по повеќе улици, дел отидоа во паркот дел на кружниот тек.

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.

-Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат – рече Дачиќ.

Слични вести