Групи на маскирани мажи се судрија со полицијата во близина на црквата „Свети Марко“, објави Радио Слободна Европа по завршувањето на масовниот студентски протест на плоштадот Славија во Белград.
Тие фрлаа шишиња и ракетни факели кон полицијата, а беа испукани и неколку топовски истрели.
Полицијата интервенираше, а репортерот на РСЕ виде како приведуваат најмалку еден демонстрант.
На местото на настанот биле стотици полицајци во опрема за борба против немири, како и единици на жандармеријата со оклопни возила.
Толпата скандираше навреди кон српскиот претседател Александар Вучиќ.
Полицијата се судри со демонстрантите и на булеварот Крал Александар, а интервенираше и на улицата Кнез Милош, во близина на турската амбасада во Белград.
Како што јавува Н1, во еден момент биле испукани неколку топовски истрели и петарди. Во меѓувреме, ситуацијата на терен е смирена.