160
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, наместа над 60 километри на час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Темпетаратурите ќе се движат од – 3 до 20 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаби врнежи од дожд . Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.