234
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го одреди составот за денешниот дуел со Португалија. Тој направи две замени во однос на дуелот со Данска одигран во петокот.
На денешниот натпревар на теренот ќе се појават голманот Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои поради ситни повреди „одмораа“ со Данска, а денеска на трибините во салата во Хернинг ќе бидат Иван Галевски и Самуил Ристевски, додека Дамјан Митев втор натпревар не е во конкуренција за настап меѓу 16-те играчи.
Почетокот на дуелот е закажан во 18 часот.