Приведен e 38 годишен кумановец – го натепал малолетниот син

by irena 10:16
10:16

МВР информира дека 38-годишен кумановец е приведен завчера по пријава дека физички го нападнал својот малолетен син.

– На 23.03.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син – информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични вести