Приватните превозници нема да сообраќаат додека ЈСП не им ги префрли парите

by Fokus

Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај веднаш, штом ЈСП Скопје им ги исплати парите, потврди денеска Јовица Зафировски претставник на приватните превозници за ТВ24.

– Приватните превозници не сообраќаат и нема да сообраќаат додека ЈСП Скопје не ни уплати средства за да можеме да ги вклучиме автобусите. Ние имаме информација дека Градот Скопје има уплатено 40 милиони денари токму за нас и ние ги чекаме тие пари. Значи ЈСП Скопје треба да ни ги префрли тие пари и автобусите веднаш ќе се вклучат, вели тој во изјавата.

Други средства за нафта и за тековно одржување на автобусите немаат, додава Зафировски.

Инаку, приватните превозници не возат веќе неколку дена, откако им заврши двегодишниот договор со Град Скопје и ЈСП – Скопје.

Поврзани новости