При сеча на дрва се повреди 58 годишник од пехчевско – почина на пат кон болница

by irena 14:34
14:34

МВР информира дека вчера попладне во 18:42 часот во СВР Штип од Итната медицинска помош – Пехчево е пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик да интервенираат во близина на с. Панчарево, каде Ј.Ѓ.(58) се здобил со повреди при сеча на дрва, каде бил заедно со својот син.

На пат кон здравствената установа Ј.Ѓ. починал.

По наредба на јавен обвинител од ОЈО Делчево, телото на починатиот е дадено на обдукција.

 

Слични вести